Барањето до земјите членки на Унијата е поднесено во писмо до првиот дипломат на блокот, Жозеп Борел, што денеска го виде агенцијата ДПА.



Групата за човекови права, исто така, побара од ЕУ да не инвестира или да тргува со израелски населби на окупираните палестински територии, што беше оценето за нелегално во неодамнешното мислење издадено од Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

Амнести го испрати писмото пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел на кој ќе се разговара за војната во Газа меѓу Израел и Хамас, која започна со масакрот на Хамас врз израелските цивили во јужен Израел на 7 октомври. Во јули, МСП во необврзувачко советодавно мислење рече дека речиси 60-годишната окупација на палестинските територии од страна на Израел го прекршува меѓународното право и мора да заврши што е можно поскоро.

Иако одлуката на т.н Светскиот суд не е обврзувачки, тој е значаен бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел. Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека израелските населби, кои се изградени на окупираните палестински територии, се нелегални.

МСП, исто така, рече дека членовите на судот, вклучително и земјите од ЕУ, имаат одговорност да не ја поддржуваат окупациската политика или да не го прифаќаат статус квото создадено од Израел. Амнести интернешнал во писмото до Борел вели дека земјите од ЕУ, со „снабдување на оружје, технологија и опрема“ на Израел, не ја исполнуваат оваа обврска.
Во 1967 година, Израел ги окупираше Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим

Групата за човекови права, исто така, ја повика Европската комисија да го разгледа Договорот за асоцијација ЕУ-Израел за усогласеност со обврските за човекови права. Во војната во 1967 година, Израел го окупираше Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим, области на историската Палестина кои Палестинците ги сакаат како дел од нивната држава.

Од 1967 година, Израел континуирано гради населби на Западниот Брег и постојано ги проширува. Израелските лидери тврдат дека овие области не се легално окупирани бидејќи се на спорна територија, но Обединетите нации и голем дел од меѓународната заедница ги сметаат за територија окупирана од Израел.