Потребни состојки:
-брашно 300 г
-путер 250 г
-сол
-вода
-шеќер 200 г
-микс шумско овошје 400 г
-цимет
-скроб 40 г
-лимон
Во длабок сад ставете го брашното и една лажичка сол. Измешајте убаво за да се распореди солта насекаде. Додадете 220 г од путерот (мора да биде од фрижидер), но претходно пресечете го на мали коцки.
Со врвовите на прстите, а не со цела дланка (за што помалку да го стопите путерот со вашата температура), полека почнувајте да ги спојувате путерот и брашното. Треба да добиете една смеса што наликува на трошки.
Додадете 90 мл вода. Ќе заборавев, водата мора да биде многу ладна. Ако имате во фрижидер, од таа да земете. Почнете да ја месите смесата. Така едно 3-4 минути. Ќе добиете убаво тесто. Оставете го да одмори 15 минути.
Додека одмора тестото, ќе го направите филот. Во тенџерче измешајте ги шеќерот, скробот, прстофат сол, цимет и 80 мл вода. Промешајте со рачна маталка додека не се изедначи смесата. Измерете 100 г од миксот на .
Ставете ги во смесата што ја направивте во тенџерчето. Ставете го на рингла и мешајте додека не почне да врие. Откако ќе зоврие, мешајте уште 2-3 минути, додека не забележите како полека добива една мала густина. Тргнете го да се подолади малку. Измерете по 150 грама од другите овошја. Јас одбрав и . Јагодите пресечете ги на пола и заедно со малините ставете ги во смесата со брусница и промешајте.
Се враќаме на тестото, сосот нека си седи. Размесете го уште 3-4 минути. Поделете го на две топки, од кои едната да биде малце поголема. Направете дискови од истите и завиткајте ги во стреч фолија. Нека седат во фрижидер . Наросете брашно на рамна површина и расукајте ги тестата. Првото, поголемото, расукајте го и ставете го во тава. Ставете го филот, ставете го остатокот од путерот, или 30 г, пресечен на коцкички.
Размесете го другото тесто и пресечете го на ленти дебели 1-1,5 сантиметар.

Лента по лента ставајте ги постепено и плетете ги.

Подолгите ленти слободно скратете ги и покријте ги со краевите на долното тесто. Печете во веќе загреана рерна 10 минути на 200 степени и уште 45 минути на 180 степени.





