Американците собориле сопствен авион во „пријателски оган“

Американската војска соопшти дека рано утринава по грешка соборила еден од сопствените борбени авиони над Црвеното Море.



Двајцата пилоти успеале да се катапултираат и беа спасени, а едниот минал со полесни повреди, јави АП.

Ловецот бил Ф/А-18 Хорнет кој полетал од носачот на авиони Хари С. Труман.

Но, еден од придружните бродови, крстосувачот со наведувана ракета Гетисбург, „испукал и го погодил“ леталото по грешка, се вели во соопштението.

Ова е најсериозен инцидент во последната година додка Црвеното Море веќе некое време е жариште на воени активности на американските сили кои се борат против бунтовниците Хути во Јемен поддржани од Иран.

Американската војска објави дека во саботата пукала кон беспилотни летала и проектили на Хутите над Црвеното Море и дека ги нападнала командните и контролните пунктови и ракетните складишта на Хутите во Сана.