Само во јануари оваа година јајцата во САД поскапеле за 15,3%. За една година, растот на цената на јајца во Америка бил повеќе од половина односно годишната инфлација изнесува неверојатни 53%.
На интернет пребарувачот на големиот трговски центар Walmart, најевтина понуда за јајца е за пакување од 60 парчиња од класата А односно најмалите јајца во малопродажба па така пакување од две табли чини 39,38 долари односно околу 2.300 денари.
Или едно јајце е околу 38 денари, пишува Телма
Како што пренесува Телма, огромниот американски пазар има побарувачка, а единствениот извезувач на јајца во САД е Турција која планира да го зголеми за 6 пати извозот: Годинава, ќе извезе околу 420 милиони јајца (во 2024-та се извезени 71 милион турски јајца).
Годишната побарувачка на американскиот пазар е околу 7,5 милијарди јајца.
Недостигот на јајца е предизвикан првенствено од појавата на птичји грип, но и со прекини во синџирите на снабдување, објави порталот „Пари“.
Широко распространетата епидемија резултираше со уништување на милиони кокошки кои несат јајца, што значително ја намали понудата и доведе до нагло зголемување на цените.
Некои експерти велат дека потрошувачите придонесуваат за недостиг на јајца со панично купување, слично како што се случи со тоалетната хартија за време на пандемијата Ковид-19.






