Американците се далеку најуспешна нација (30 медали) на штотуку завршеното Светското атлетско првенство во Лондон, но болка за нив претставуваат поразите на нивната гордост, машките шатефети. Тие во двата случаја, и во саботата во трката на 4 пати по 100 метри и синоќа на 4 пати по 400 метри на Олимпискиот стадион во Британската престолнина беа сребрени. Особено изненадувачи е поразот на подолгата делница од Тринидад и Тобаго, селекција која во финишот им го одзеде приматот на „Јенките“ по цели 14 години. Претходно во 2003 година во Париз тимот на САД загуби од домашната, француска штефета.
Во покусата екипна трка во последните години доминираше Јамајка, па последниот двоен триумф на американските спринтери и среднопругаши датира од 2007 година кога тие славеа и на 4 пати по 100 метри. Ова што им се случи на Американците во Лондон, потсетуваме дека во саботата славата, и покрај тоа што во составот ги имаа Гетлин и Колеман, им ја откраднаа домаќините Британците, а во прашање се 16 изданија на Светските шампионати, им се случило само два пати до сега. Станува збор за сега веќе далечнните 1997. (Атина) и во 2001. година (Едмонтон) кога тие остнаа без злата и воопшто без медали, но поради пост фестум дисквалификациите за допинг на Тим Моонгомери и Антонио Петигру.
https://youtu.be/BpOi-g5u4iM





