Американски кандидат за градоначалник зборувал македонски 33 години пред ,,Тито да го измисли македонскиот јазик”

Молк во Софија и Атина меѓу политичарите и науката откако пред десетина дена македонски истражувач и новинар од Австралија откри делови од биографијата на американски политичар кои го урнисуваат бугарскиот и грчкиот наратив за македонската нација и јазик како вештачка творба на Јосип Броз Тито.



Цели 33 години пред наводното создавање на Македонците од Тито како што сака да прикаже Софија и Атина, еден политичар во САД зборувал на македонски јазик.

,,Како македонскиот јазик бил „измислен“ во 1944 година од Тито како што тврдат Бугарија и Грција кога се зборувал пред тоа”, прашува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов објавувајќи ја биографијата на Дејвид Голдберг кој пред 114 години објавил дека го зборува македонскиот јазик.

,,Во 1911 Г-дин Дејвид Голдберг, полски еврејски мигрант во САД, зборува македонски јазик, Хорвац (Хрватски, хрватски) и се кандидира за градоначалник (републиканец) на Харисбург, Пенсилванија, САД”, објави Узунов давајќи документи за своето тврдење.

Бугарските грчките негатори на македонскиот идентитет молчат за случајот Голдберг и илјадниците докази кои лесно ја побиваат бугарската и грчката официјална политика кон Македонија како млада нација која јазикот го создала вештачки по втората светска војна.