Офицер на американското воено воздухопловство се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против постапките на американските и израелските политичари во Појасот Газа, објави Њујорк Тајмс.
Пилотот, пред да се полее со запалива течност, рече дека не сака да учествува во „геноцид“, повторувајќи ги паролите што ги користат противниците на израелските воени акции во Појасот Газа, особено движењето „За Палестина“.
На полициските службеници им требаше повеќе од една минута за да го изгаснат пламенот.
Тој претрпе „критични повреди опасни по живот“, објавија Вашингтон Фајр и ЕМС во објава на X, порано Твитер.
Мажот кој извикувал „Слободна Палестина“ бил облечен во воена униформа на САД, се самозапалил пред амбасадата.
Официјални лица ќе потврдат дали тој е или не е припадник на американските воздухопловни сили, изјави портпаролката на американските воздухопловни сили Ен Стефанек за Вашингтон пост.
RIP 🙏
This young soldier did something unbearable bloody sad 😔 in front of the Israel embassy in DC pic.twitter.com/6nTf81AQ0E— Robert Simpson (@RobertS28049870) February 26, 2024





