Американскиот државен секретар пречекан без знаме на САД на официјална посета

Нов случај на непоставување на знаме на земјата на гостинот, овој пат скандалот се случил на официјална посета на американски функционер.



Американското знаме не било поставено на средбата на државниот секретар на САД Ентони Блинкен со владетелот на Саудиска Арабија Мохамед Бин Салман.

Од објавената фотографија на официјалната средба одржана во Ријад се гледа дека на десната страна каде што седи принцот на Судиска Арабија е поставено саудискиот знаме а на другата кај гостинот од САД нема никакво знаме.

Мохамед Бин Салман кој е и премиер на Саудиска Арабија е познат по длабоките прогресивни реформи, својата агресивна надворешна политика и променливите односи со САД.

Во објавата на американскиот Стејт департмент нема никаква информација зошто на средбата со саудискиот суверен не е поставено знамето на САД.

,,Државниот секретар Антони Џ. Блинкен денеска се сретна со саудискиот престолонаследник и премиер Мохамед бин Салман Ал Сауд во Ријад за да разговараат за нашите заеднички напори за ставање крај на конфликтите во регионот и за воспоставување поголем мир и безбедност. Секретарот ја нагласи потребата да се стави крај на војната во Газа, да се ослободат заложниците и да се овозможи народот во Газа да ги обнови своите животи ослободени од Хамас. Секретарот и престолонаследникот разговараа за напорите за дипломатска резолуција во Либан што ќе им овозможи на цивилите од двете страни на Сината линија да се вратат во своите домови. Тие продолжија со дискусиите за потребата од воспоставување трајна регионална стабилност, вклучително и преку поголема интеграција меѓу земјите во регионот. Тие, исто така, разговараа за важноста од завршување на конфликтот во Судан, заштита на цивилите и унапредување на политичката транзиција кон цивилна влада. Секретарот изрази благодарност за улогата на Саудиска Арабија во промовирањето на стабилноста и мирот во регионот”, стои во соопштението од Стејт Департментот на САД за средбата одржана минатата недела.

На средбата на двајцата соговорници минатата година било поставено и американското знаме и затоа дел од дел од набљудувачите непоставувањето на знамето на САД го оценуваат како дипломатски сигнал од Ријад за Вашингтон.

Фото: Средба Јуни 2023

Саудиска Арабија која со децении важи за близок сојузник на САД сега гравитира кон организацијата БРИКС која е пандан на НАТО а во која членуваат Русија, Кина и други моќни држави.

На денот на средбата во Ријад на самитот на БРИКС во рускиот град Казан Мохамед Бин Салман го испратил својот министер за надворешни работи.

Во септември јавноста во Македонија се вознемири од непоставеното македонско знаме од страна на кабинетот на бугарскиот претседател Радев кој ја пречека македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова на полуслужбена посета на Софија.