Аманпур објави снимка од средба со Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Познатата новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур, објави комплетна видеоснимка од нејзината средба со генералот Ратко Младиќ во 1993 година.



Таа тогаш на воениот командант на Армијата на Република Српска му поставила прашање за можноста да биде обвинет за воени злосторства.

Аманпур изјави дека успеала да стигне до Младиќ една година откако за прв пат дошла во БиХ како новинарка, како и да размени неколку реченици со него.

Вчера поранешниот генерал Ратко Младиќ беше осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал по десет од 11 обвиненија.