Амандманите се во Собрание, а не во контејнер!

Глупост е да се тврди дека архивирани амандмани се фрлени во ѓубре, тоа нема шанси, тоа не е вистина, изјавија од службите во Собранието, откако синоќа беше објавена информација дека амандмани завршиле во контејнер во близина на Собранието.



„Околу сто луѓе работат од петокот на архивирање и евидентирање на сите поднесени амандмани, службите се организирани максимално. Амандманите се сите  тука…Тука е и тој амандман кој беше објавен на слика што наводно бил фрлен во контејнер и има архивски број“, изјавиле за САКАМДАКАЖАМ.МК, вработени во собраниските служби.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 35 илјади амандмани за Законот за употреба на јазиците кој, откако не беше потпишан од претседателот Иванов, се враќа на повторна расправа и  гласаање во понеделник во Собрание.

Порталот Република.мк, објавии фотографии и видео дека дел од амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазици на кои има и архивски број биле најдени фрлени во контејнер до Собранието.