На синоќешниот состанок на централното претседателство на Алтернатива – која е дел од коалицијата ВРЕДИ – избрани се нови кадри во раководството на партијата.



За генерален секретар е именуван Амир Елези, за потпретседатели Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани, Сафие Садики Шаини, Афан Елези, a за организациски секретар Башким Муртези.

Беким Сали e назначен за секретар за човечки ресурси,

Адмирим Алити за секретар на секретаријатот на одделенијата,

Фисник Мела за секретар за стратешки политики, како и

Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.

„Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на АлтернАтивА, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата“, се наведува во соопштението од Партијата.