Алсат: Мерко е и натаму градоначалник на Струга, иако е на „црната листа“ на САД и има 9 судења против него за злоупотреби

„Рамиз Мерко седи и натаму во градоначалничката фотеља во Општина Струга, иако се водат 9 судски процеси против него. Ниту црната листа на САД, на која се најде пред речиси две години, не беше доволна причина за него да понесе морална одговорност и да се повлече од функцијата. Стружани велат дека Мерко одамна требал да го направи тоа. Но има и такви, кои сметаат дека Мерко треба да го истера цел мандат.“ – се вели во статијата со наслов „И покрај сите судски предмети, Мерко останува на градоначалничката позиција“, која ја објави ТВ Алсат..

Телевизијата наведува: Прашаните граѓани на Струга велат: „Мерко е на црната листа на САД, треба самиот да се повлече, не треба некој да му нареди. Одлуката е негова. Постапките пред судот треба завршат.“; – Не треба да биде во општината, поради тоа што е на црна листа, има разни судски процеси против него. Властите треба да го осудат и да го тргнат. Законите се виновни, затоа што требаше да го тргнат веднаш во истиот момент кога го ставија на црна листа“; – „Не пречи уште да ја води Општина Струга, ако го сакаат граѓаните. Но со десет судски процеси и на црна листа? Тоа е друга работа. За тоа се водат судски процеси. Треба да одговара.“; – Требаше да се повлече, штом се водат судски процеси против него.“; – „Се работи за морал кај човекот. Треба да се повлечат сите, штом се на црна листа, но знаете каков е моралот кај нас. На човек во едно село кога ќе почнат да му викаат треба да си оди.“; – „Додека не го осудат нека ја води општината.“; – „Не треба толку да се допушти да краде од општината. Но времето е сега такво: кој ќе стави во џеб – ќе стави.“

Сегашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко треба да седне на обвинителна клупа на почетокот на март.Закажани се неколку судски рочишта за неколку предмети на 5,6 и 7 март. Тој е веќе четврти мандат на градоначалничкото место во Струга.

Против Мерко во моментот се активни девет судски процеси: за незаконско поставување директори во неколку основни училишта, за злоупотреба на службената положба и овластувања, за набавката на луксузното ауди А и уште три други возила, во време кога Општина Струга била со блокирана жиро сметка. – истакнува ТВ Алсат.