„Европскиот фронт доживува криза пред локалните избори во врска со Струга. Во рамки на коалицијата Европски фронт Алијансата за Албанците на Зијадин Села стои со едната нога внатре, а со другата нога надвор, додека зад вратата чека Арбен Таравари! Лидерот на ДУИ Али Ахмети има тешкотии да се справи со битката кој ќе даде кандидат за градоначалник на Струга.“ – објави ТВ Алсат во својата редакциска анализа анализа со наслов „Прво разидување на ДУИ со Села – Струга како јаболко на раздорот“.
Натаму, телевизијата истакнува: Во конкуренција се имиња како Фатон Положани, инаку за структурата на Струга познат и како „сателитот испратен од Речица“. Фатон Положани можеби ја нема поддршката на огранокот на АА, но се дознава дека тој има поддршка од голем дел од раководството на ДУИ. Сегашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, кој се соочува со неколку судски случаи, од кои едната може да доведе до изрекување пресуда во петок, исто така не се откажува од играта, иако е на „црната листа“ на САД. Според извори од огранокот на ДУИ во Струга, Мерко се пофалил пред партиските функционери дека има околу 2.000 гласови во раката и оти може да тргува со која било политичка опција!
Амбиции за кандидатурата за градоначалник на Струга на локалните избори пројави и неговиот поранешен доверлив човек Јетон Шаќири, кој кога беше министер за образование му ги акредитира студиските програми на Меѓународниот универзитет на Мерко во Струга. Според истите извори, Шаќири, бара поддршка за својата градоначалничка кандидатура, повикувајќи се на победата, што ја постигнал Европскиот фронт на ланските парламентарни избори во изборната единица 5 во која Шаќири и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши беа координатори на изборите.
Половина од ограноците на ДУИ во Струга, според информациите на Алсат, поддржуваат друг кандидат, Дашмир Насуфи, поранешен предавач на Меѓународниот универзитет во Струга, кој е близок до Мерко. Минатата недела имаше информации дека преку јавно писмо ограноците ќе изразат поддршка за нивниот претпочитан кандидат, но тоа не се случи. Постојат сомнежи дека некои од раководителите на ограноците биле под притисок. На крајот, но не помалку важен од другите кандидати, е останува првиот човек на АА Зијадин Села. Неофицијално, на Села му е понудена поддршката од ДУИ, ако се кандидира за Струга, но не и да именува друг кандидат. Ова не го задоволило Села, кој пред една недела изјави дека нема да постои Европскиот фронт, ако АА не ја добие Струга, за да истакне свој кандидат за нејзин градоначалник на локалните избори.
Не се знае дали Таравари дошол а дневен ред и Арбен Таравари, за да ги пројави и своите предизборни амбиции како субјект и да побара поддршка. Експоненти на овој субјект веќе неколку пати нагласија дека за Струга Таравари има кандидат, но неговото име не е објавено со изговор дека се спроведуваат интерни анкети. Неофицијално, најконтроверзното име беше Гариб Каба.






