Алсат: Вртејќи ѝ грб на УЧК, Ахмети се здружи со уличари и ДУИ стана мултикултурна, наместо со албанска кауза !

„Субјектот, кој произлезе од славната војна на УЧК, со искажана албанска и национална кауза, заврши во партија отуѓена од политичката матрица. Шефот на овој субјект, кон кој милитантите и поддржувачите се однесуваат како кон командант, им подаде рака на оние кои до вчера ги сметаше како уличари без чест. ДУИ се претвори во мултикултурна партија.“ – објави ТВ Алсат во статијата со наслов „Ахмети ја отуѓи ДУИ, им сврте грб на мачениците од УЧК“.



Во статијата, што ја објави ТВ Алсат, натаму се наведува: На последните локални избори партијата на Али Ахмети ја промени својата идеологија. Од партија со заложба за унапредување на правата на Албанците и спроведувањето на Охридскиот договор ДУИ премина во партија со зелена агенда, иако идејата пропадна во најголемите албански општини. Дури и кампањата на оваа тема од патриотска песна се претвори во урбана кампања.

Коалицијата со партиите, кои беа основани за да им се спротивстават на политиките на ДУИ и да ги отстранат, го натера Ахмети да им подаде рака на партии од други политички блокови, како што се Турците, Ромите и не само тие. Ахмети стега заби во време кога албанската опозиција, на која тој со години ѝ упатуваше повици, сега се обедини и го предизвикува на изборите на 8 мај.

Во отсуство на албански политички партнери, Ахмети наиде на поддршка од субјекти од други етникуми во време кога бара албански претседател на државата, кога се чука во гради поради албанскиот премиер и кога арантира отворање на преговорите и членство на земјата во ЕУ. Сите овие барања Ахмети ги упати во име на борците и мачениците на УЧК, кои му оставија аманет како да се грижи за прашањата на Албанците, но Ахмети, всушност, ним им сврте грб и ја отуѓи ДУИ.