Порталот на албански јазик „Алмакос“ во една од своите анализи пишува дека во Македонија Владата ја продолжува политиката на неказнување на економскиот и финансискиот криминал, што ја практикуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Органите на полицијата, обвинителството и судовите не успеваат ефикасно да ги казнат сторителите на овие тешки кривични дела“, се вели во анализата на „Алмакос“.
Иако во програмите на сите влади досега, пишува порталот, високо истакната е борбата против организираниот криминал и корупцијата, праксата не може многу да се пофали со борба против овие негативни појави во општеството.
„Од речиси три илјади затвореници кои служат во затворите за различни кривични дела, само 14 лица се затворени поради тоа што се прогласени за виновни за злоупотреба на службена должност, а други 44 извршиле злосторства против јавните финансии и платните системи. Сличајно или не, новата влада покажа великодушност кон лицата што извршиле ваков криминал со носењето на законот за амнестија“, пишува „Алмакос“.





