Во врска со изјавата дека Артан Груби се наоѓа на „албанска територија“ што предизвика најразлични коментар во јавноста, лидерот на ДУИ вели дека нема никаков контакт со него.
Али Ахмети за „ТВ21“ уште еднаш повтори дека нема никаков контакт со Груби, а за делот каде што вели „дека најверојатно е во албанските средини“, тој кусо одговори:
„Лично немам контакт со Артан Грубин и немам детални информации за неговата моментална локација. Мојот коментар се базираше на она што е јавно објавено од владини претставници, како и на тоа дека тој легално ја поминал границата.
Силно верувам дека секој граѓанин, вклучително и Груби, заслужува фер и непристрасен судски процес, далеку од селективно спроведување на правдата“, рече Ахмети.
Меџити до Ахмети: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните






