„Време е да го демонтираме стариот систем, Вреди е симбол на промената. Да не го дозволиме враќањето на старите модели на корупција и лошо владеење. Да не дозволиме да биде водена нашата држава од истрошени личности, кои беа со години дел од проблемите, што ги доживуваме денес.“ – објави преку фејсбук Азир Алиу од коалицијата Вреди, која го предложи како нов министер за здравство. Објавата преку општествената мрежа ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.
Порталот истакнува: „Јавно реагирајќи преку општествената мрежа по бранот на поддршка од граѓаните и симпатизерите за одлуката за здружување со коалицијата Вреди, Алиу посочи дека Вреди претставува надеж и промена. Тој нагласи дека политичката битка не запира со испраќање на противниците во опозиција, туку оти продолжува со демонтирање на стариот систем и градење нов политички поредок, заснован врз владеење на системот според заслуги и врз одговорност.“
„Го направивме првиот чекор кога ги испративме во опозиција. Сега е време за вториот чекор: да го демонтираме нивниот систем и конечно да ѝ дадеме шанса на надежта.“ – порача Азир Алиу, додавајќи дека влегол во оваа битка без калкулации и оти нема враќање назад.“
„На крајот, тој повика на единство и заедничко дејствување: ‘Ве поканувам, рамо до рамо, чекор по чекор, да ја продолжиме оваа битка за нас, за иднината, за сите. Затоа што Вреди!’ – заклучи Азир Алиу во својата објава на фејсбук.“






