Алиу: Албанскиот јазик се брани во Собранието и Владата, а не во тенда! – Ова им е на ДУИ сценарио за политички поени и ништо друго!

„Политички е безвредно да се брани нешто што е само компромис, а не она што навистина треба да биде, односно да се брани текст на Законот за јазиците, кој реално не го третира албанскиот јазик како службен, туку само како јазик во службена употреба и во единиците каде според нормите говорителите на тој јазик ги има повеќе од 20 отсто во структурата на населението. Албанскиот јазик се брани во Собранието и Владата, сега кога мора да се отстранат поранешните грешки.“ – изјави политичкиот аналитичар од Тетово Кенан Алиу за информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Во својата изјава Алиу додава: „Некои апсурди е безвредно да се бранат под тенди и во шатори, туку во Собранието и Владата, таму каде што биле создадени тие апсурди и кои треба сега да се отстранат. Во законодавството и под службен јазик се подразбира оној закон, кој е напишан во актите на институциите, кои акти имаат јавен карактер и во кои јазикот се третира како официјален во сите органи. Кажано право, употребата на јазикот го зголеми нивото на службената употреба на овој закон, но нема заслужено спроведување на ова во праксата, благодарејќи на поранешните функционери, кои сега протестираат во тендата!“