Алиоски со Ал Ахли во финалето на азиската Лига на шампионите

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски со Ал Ахли се пласира во финалето на азиската Лига на шампионите со победата од 3:1 над Ал Хилал во Џеда.



Во својот петти настап во ова натпреварување 33-годишниот лев бек ги одигра сите 90 минути за саудискиот тим, кој во натпреварот за трофејот на 4 мај за противник ќе го има подобриот од утрешниот втор полуфинален дуел меѓу Ал Наср со Кристијано Роналдо и Кавасаки од Јапонија.

Прилепчанецот против Ал Хилал доби жолт картон уште во првата минута.