Живата француска актерска легенда на 16. Трансилванија фестивал во Клуж, Романија доби награда за постигнувањата на филмското платно што наиде на одушевување кај присутната публика која го “нападна” како во времињата кога беше сметан за најубав човек на планетата.



“Се надевам дека наградата за животно дело не значи дека тоа е крај на кариерата зошто јас се уште имам работа”, вели 81. годишникот кој последен пат на филм се појави во 2008. година кога ја имаше улогата Јулие Цезар во комедијата “Астерикс на Олимписките игри”.

На планетарната популарност на Ален Делон низ повеќе од половина век не влијаше ниту сопственото признание во 1968. година дека соработувал и практично бил дел од париското подземје.

Делон во Клуж го повтори тоа што го рече и на Филмскиот фестивал во Лиеж пред неколку дена дека работи на нов проект, нов филм кој треба да се појави на почетокот на следната година.