Албанците ќе гласаат за Пендаровски, очекува Ташев од БАН

Историчарот Спас Ташев од Бугарската акдемија на науките (БАН) смета дека албанскиот глас ќе биде клучен при изборот на претседател на Македонија.



„Претседателот на Северна Македонија никогаш не бил избиран без албанскиот глас, така што тоа ќе биде решавачки фактор за да се одреди кој ќе биде претседател. Главните албански политички формации се изјаснија дека нема да поддржат политичка сила која води антиевропска политика. Кога сме веќе кај европската политика, исто така е тешко да се каже која политичка сила таму е проевропска, но генерално власта беше поумерена во своите изјави, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека албанскиот глас ќе биде насочен кон актуелниот претседател Стево Пендаровски“, изјави Ташев за бугарското радио Дарик.

Тој направи паралела меѓу изборите во Македонија и тие во Русија, прецизирајќи дека нема разлика меѓу кандидатите: „Северна Македонија практично не е пред избор. Изборот, барем во моментов, е попрво пред Бугарија и Европската унија и целата евроатлантска област. Се надевам дека ќе ги сфатат овие тешки зависности меѓу Скопје и Белград“.