По 11 Македонци дневно бараат азил во ЕУ

Повеќе од 22.000 баратели на азил од Албанија аплицирале за прв пат во земјите на Западна Европа во 2017 година, што претставува благ пад во однос на 29.000 во 2016 година и остар контраст со 66.000 кои ја напуштиле земјата во 2015 година.



Според податоците на Еуростат, агенцијата за статистика на ЕУ, во 2017 година во ЕУ биле регистрирани 5.310 лица од Косово кои првпат бараат азил.

Бројот укажува на значително опаѓање на бројот на баратели на азил – 9.200 Косовци аплицираа за азил во 2016 година, а во 2015 година дури 70.000 лица од Косово бараа азил во западноевропските земји, главнио Франција и германија, често откако нелегално преку Унгарија влегувале во Унијата, пишува „Prishtina insight“.

Србија „заостанува“ зад Косово, со 5.055 баратели на азил во 2017 година, мал пад од бројот во 2016 година, кога речиси 9.000 Срби аплицираа за азил во ЕУ.

Од Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ, лани имало 4.000 апликанти.

Граѓаните од другите балкански земји изгледаат помалку заинтересирани да аплицираат за азил во Европа, така од Босна и Херцеговина имало само 1.765 барања за азил, а од Црна Гора – нешто над 500.