Како втората по големина заедница, Албанците станаа дел од дебатите кои се однесуваат за промена на името на Република Македонија на што инсистира соседна Грција.
Политичкиот аналитичар, Џенис Сулимани, вели дека Албанците ја играат улогата на посматрачи во овој процес.
„Албанците во ПЈРМ ја играат улогата на посматрачи во дебатите што се одвиваат околу името. Одлуката исклучиво ѝ припаѓа на македонската страна. Досега немало предлог кој ја идентификува оваа територија со втората по големина етничка група во земјата“, вели Сулимани, главен и одговорен уредник на еден албански дневен весник во БЈРМ, пишува новинарот Насер Пајазити за IBNA.
Исмет Рамадани, шеф на Северноатлантскиот совет во Скопје и советник на премиерот Зоран Заев, вели дека албанските партии вклучени во процесот на разговори мора да ги бранат своите позиции и да поддржат име што го одразува мултиетничкиот карактер на земјата.
„Не постои начин да се прифати име „Славомакедонија“, бидејќи ова име автоматски ги исклучува Албанците во Македонија. Петте неодамнешни предлози не претставуваат никаков проблем за Албанците“, вели Рамадани.
Лидерот ДУИ Али Ахмети, (која е дел од власта и е вклучена во консултациите) вели дека „Албанците нема да прифаќаат имиња кои немаат никаква врска со историјата и позицијата на земјата. Албанците нема да бидат рамнодушни во однос на прашањето за името. Ова е наша земја и нашаа држава “, изјави Ахмети по состанокот со Метју Нимиц.





