Албански портал објави видео со тетовски полицајци во униформа кои влегуваат во цивилни возила со две девојки (ВИДЕО)

Албанскиот портал JOQ објавува видео на кое се гледа како двајца полицајци снимени во Тетово по краток разговор влегуваат во две возила со две девојки.



,,Вечерва во Тетово, двајца полицајци беа снимени како влегуваат во автомобили со две девојки и се одвезуваат во непознат правец. Снимката не покажува никаква службена акција или мешање, туку ситуацијата изгледа како приватен состанок”, пишува JOQ.

Во дописот до порталот испратен пред два дена граѓанинот пишува:
„Здраво JOQ, имам извештај за тетовската полиција која ги внесува девојките во автомобили… Ви го испраќам ова видео затоа што не ни дозволуваат да се дрогираме на мира.“

Во време кога граѓаните очекуваат ред и безбедност од институциите за спроведување на законот, ваквото однесување ја поткопува довербата и интегритетот на полициската униформа, пишува во објавата.

Во видеото нема видливо кршење на законите од страна на полицајците ниту однесување спротивно на етичките норми.

Од видеото не може да се види дали полицајците биле во патрола или вршеле полициски работи.

Дали ги прекршиле правилата на МВР може да утврдува Внатрешната контрола во министерството.

Видеото што го објавува албанскиот портал на овој линк

https://www.facebook.com/share/r/1AXqZf9hsb/

Најчитани статии

Поддршка за САД да најдат дипломатски решение

Македонија повика на воздржаност и го потврдува правото на Израел да се брани од закани за националната безбедност

Тешка ноќ во Израел

Иран со ракети нападна израелски градови – има жртви, повредени…

За Македонецот роден во Грција кој ја разнебити бугарската пропаганда кон Македонците од парламентот го Софија

Можат Бугарите да имаат со Македонците заеднички јадења, но не и „заедничка историја“! За нивните фалсификати проговори Благоев уште во 1917!

Дека преходно ,,не ставија” вето на сите други премиери

Кога би бил премиер, Каракачанов би ѝ ставил вето на Македонија додека на власт е Мицкоски