Албански планинари го отстраниле македонското и го поставиле албанското знаме на Кораб. Чинот го објави на социјалните мрежи Изет Шулку, албански државјанин
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, Шулку на својот фејсбук-профил.
На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица.
На видеото се гледа дека Шулку ја кине и информативната табла поставена на врвот Голем Кораб на македонски јазик. На таблата има налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри каде стои и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија.
Инаку Кораб припаѓа на Националниот парк Маврово. https://www.facebook.com/share/v/Tf7i3VTTsSLps3e9/?mibextid=D5vuiz





