Албански медиуми: Косовскиот премиер Курти доаѓа на средба со македонскиот премиер Мицкоски на 5 август 2024 во Скопје

„Газета експрес’ во Македонија дознава дека премиерот на Косово Албин Курти на почетокот на следната седмица ќе ја посети * Македонија.Според изворите, во понеделник, на 5 август 2024 година премиерот на Косово ќе се сретне со својот колега од * Македонија премиерот Христијан Мицкоски.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ИНА пишува: Како што се дознава, средбата ќе се одржи во 10 часот и на неа ќе учествуваат и некои други членови на Владата на * Македонија од коалицијата Вреди. Дел од оваа средба ќе биде и министерката за надворешни работи на Косово Доника Грвала-Шварц.

Оваа посета ќе се одржи, откако Косово упати протестна нота до * Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи, кога аеродромската полиција побара неа да ѝ ги предаде чантата и мобилниот телефон за контрола, по што настанала расправија меѓу обезбедувањето на претседателката Османи и обезбедувањето на аеродромот.