„Три лица од фисот (родот) Калемај се убиени со автоматска пушка калашников ноќеска околу полноќ, оваа сабота спроти денешниов ден, недела, 21 јули 2024 година во еден локал во градот Мемијалај, во јужна Албанија. Мотивот за овој мафијашки атентат е најверојатно крвна одмазда.“ – јавуваат ТВ Топ ченел, информативниот портал „Лапси“ од Албанија, како и весникот „Бота сот“ од Косово..
Трите медиуми објавуваат: Убиени се Шуќури Калеми, Бледар Мука и Марсел Чела. Тешки повреди има здобиено Артур Калемај во ноќешниов оружен напад во Мемијалај. Главна цел бил Шуќури Калеми. Албанската полиција ја води истрагата во насока дека мотив за тројното убиство е крвна одмазда. Убиените се татко, брат и еден братучед на Адријатик Калемај. Адриатик Калемај е лице со криминално досие, кој избегнал досега неколку обиди за атентат. Првиот атентат врз него бил извршен на островот Паксос во Грција, а потоа уште еден атентат во атинскиот затвор „Коридалос“. Во меѓувреме, еден од неговите браќа бил убиен во Тирана додека возел автомобил.
Криминалната приказна на обидите да биде убиен Адријатик Калемај започна по убиството на Александер Садикај, а потоа и на бизнисменот Едмонд Папа. Александер Садикај бил убиен со експлозив во Тирана во јули во 2022 година. Адријатик Калемај бил осомничен за убиството на Едмонд Папа.





