Албански медиуми: Али Ахмети посредник за помирување на Зијадин Села и Арбен Таравари? – Се одржува средба Села-Ахмети во Тетово

Претседателот на едното крило во Алијансата за Албанците Зијадин Села одржува средба во Тетово со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. ТВ Алсат објави: „Села истакнува дека станува збор за тековна средба меѓу тесното раководство на АА и ДУИ. ‘Тоа е редовен состанок на Европскиот фронт, на Фронтот, тесното раководство на АА со раководството на ДУИ. Расправаме за политичката ситуација.’ – изјави Села.“

Запрашан дали лидерот на второто крило на Алијанса на Албанците Арбен Таравари ќе стане дел од Европскиот фронт, Села одговара дека „се отворени за секој, што ја сфатил својата грешка и кој бара извинување“. „Ова се моменти, за кои нема да се разговара денес. ‘Европскиот фронт’ е жив организам и е отворен за сите оние, што бараат јавно извинување и кои ги разбрале грешките што ги направиле. Но без да се направат овие работи, тешко е да се има било каква друга можност.“ – изјави Села.

Од друга страна информативниот портал „Тетова сот“ известува: „Наши извори јавуваат дека лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја презел улогата на посредник за помирување на Зијадин Села и Арбен Таравари. По крајното спротивставување и ставови едни против други меѓу Села и Таравари, во последните денови се забележува омекнување на ставовите. Во овие рамки е и денешната изјава на Зијадин Села пред средбата со Али Ахмети дека „би прифатил извинување од Арбен Таравари“.

„Имаше барања за поблиски односи меѓу Села и Таравари од локалните структури во неколку ограноци и подограноци. Останува да се види во наредните седмици дали Али Ахмети ќе успее да ги смири Села и Таравари.“