За прв пат во историјата на Албанија, претениците  од опозицијата на најнеобичен начин го изразија своето незадоволство од владата на премиерот Еди Рама и побараа техничка влада.



Тие ги исфрлија своите столчиња од парламентот во Тирана и ги запалија во знак на протест против затворската казна за нивниот колега Ервин Салијањи.

Салијањи,  член на најголемата опозициска Демократска партија, минатата недела беше прогласен за виновен за давање лажна изјава во случај со трговија со дрога, во кој се работеше за брат на пратеник од владејачката Социјалистичка партија.

Опозицијата го опиша апсењето и осудата на Салијањи како „слеп чин на одмазда и политички терор против Демократската партија“ и го обвинија ремиерот Еди Рама дека стои зад сето тоа.

„Ќе ја продолжиме борбата против Рама, кој е единствено одговорен за оваа ситуација“, изјави шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газменд Барди.

Рама ја поздрави пресудата на судот во случајот за којшто рече дека ја „шокирал“ јавноста.

Претходно месецов, лидерот на Демократската партија Саљи Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејства кои ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша исто така ја негира вината.

Демократската партија на Албанија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.