Албанска парада“ ќе се одржи во Тирана, во Главниот град на Албанија по повод 112-тата годишнина од прогласувањето на независноста на оваа држава.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Агенцијата пишува: На „Парадата на Албанците“ се очекува да има повеќе од 350 уметнички групи од сите подрачја каде што живеат Албанци. На оваа манифестација се смета дека ќе има претставници од 150 градови и околу 10 илјади присутни граѓани. „Албанската парада“ ќе тргне од плоштадот „Мајка Тереза“ и ќе заврши на плоштадот „Скендербег“, каде што ќе биде затворена.





