„Социјалните медиуми се проблем. Луѓето ги гледаат социјалните мрежи и ова ги поттикнува тинејџерите да одат на овие места. Тие сметаат дека во овие земји ќе најдат фантастичен живот но тоа не е така“, изјави заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија Ровена Вода.
Таа ги разбранува имиграционите власти на Велика Британија и ја повика владата во Лондон да ги депортира малолетниците без придружба, кои не добиваат азил.
Таа за Дејли мејл изјави: „Причината зошто толку многу одат во Велика Британија, а не во Германија, Франција или Холандија е дека овие вториве земји прават многу повеќе за да ги депортираат порано. Во Британија ова не е случај и тоа ја прави поатрактивен“.

Таа тврди дека родителите ги испраќаат своите деца во Британија или ги напуштаат за да добијат азил, пред и тие да им се придружат во Велика Британија.
Албанија се надева на членство во Европската унија, со што ќе им овозможи на своите граѓани слободно да патуваат низ Шенген зоната.
Многу албански мигранти објавуваат фотографии онлајн додека патуваат за Велика Британија и сугерираат дека се кријат во возила при влез во таа земја.
На селфијата можат да се видат момчиња како прават гестови со рацете во форма на двоглавиот орел од знамето на Албанија.
Мигрантите кои се обидуваат да се прикрадат во Велика Британија обично имаат контакти со шверцери со луѓе во пристаништата во Франција, Белгија или Холандија, пишуваат британски медиуми.
Во септември, неделникот „Сандеј пипл“ откри како албанската мафија отвори нова рута за криумчарење мигранти во Британија преку шпанското пристаниште Билбао.
Гангстерите кои наплаѓаат по околу 2.500 фунти за лице, успешно ги шверцуваат очајнии за нов живот – вклучувајќи ги и бегалците од Балканот, Ирак, Авганистан и Сирија.
Претходно оваа година, Националната агенција за криминал (NCA) објави дека насилните албански банди воспоставиле „значителна контрола“ на трговијата со дрога во Велика Британија, што е оценето како загрижувачки.
Извештајот на NCA тврди дека албанските организирани криминални групи се јавуваат како „значајна закана“ и имаат големо влијание врз пазарот на кокаин, а Лондон бил нивна база.




