Албанската опозиција го обви ни Институтот за статистика, ИНСТАТ, дека лаже со податоците околу на населението, дека имало манипулации и дека премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“, јави МИА.
Во два случаи, сза бројот на населението и за бројот на становите има манипулација, обвини опозицијата.
Друштво „Преспа“ Во Албанија немало и нема Бугари
„Според ИНСТАТ, населението во Албанија е над 2,4 милиони и за 12 години се додадени само 70 илјади станови. Ова е целосна манипулација. Првата, манипулација е со податоците околу бројот на преостанатото население во Албанија.
Според податоците на Евростат, повеќе од 900.000 луѓе ја напуштиле Албанија само во земјите од Европската Унија, не вклучувајќи ги оние кои заминале во Велика Британија, Канада, Австралија, САД и слично, за кои нема официјална статистика“, изјави Инес Нурја пренесувајќи го ставот на Демократската партија.
Второ, според неа, не може да се зголеми бројот на станови за само 70 илјади за 12 години бидејќи со едноставна пресметка само во Тирана за 3 месеци градоначалникот Еријон Велиај издал 231 илјади квадратни метри за градба.
„Значи ИНСТАТ лаже и со бројот на станови. Вистинската бројка на населението е многу дискутирано прашање како резултат на многуте заминувања од Албанија во последните години. Следствено, одговор на ова можеше да даде само редовен и точен попис на населението, што според резултатите објавени денеска не се случи“, обвини таа.
И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“.
За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса.
„По повеќе месеци од кога заврши пописот Рама конечно ги објави резултатите во јавноста, се разбира како и колку сака тој, но не како вистина“.
Според него реалноста е пред очите на сите Албанци, кои гледаат стотици напуштени села, мрачни и испразнети градови, кои попладне тонат во „тишина затоа што стотици илјади Албанци секојдневно ја напуштаат државата“.
Сите знаат, рече тој дека Албанија е втора земја во Европа по барање азил на нејзини граѓани.
Претходно пописните резултати, во однос на бројот на населението, соопштија дека не ги признаваат Македонците, кои според податоците на ИНСТАТ ги има 2.281 а како Бугари се попишани 7957 лица, што е последица на „заканите на бугарски претставници кон Македонците“.






