Албанија ќе го проширува патот од Елбасан до границата со Македонија кај Ќафасан

Албанската управа за патишта (АРРШ) објави дека отворила тендерски постапки за проширување на четири делници од патот што го поврзува централниот град Елбасан со контролниот пункт Ќафасан во близина на границата со Македонија, со вкупен буџет од 10 милијарди леки (97 милиони евра).



Потенцијалните понудувачи треба да бидат способни да завршат земјени работи, уривање, изградба на тротоар, развој на помали и поголеми конструкции, поставување сообраќајни знаци и преместување на високонапонски далноводи во рок од 24 месеци за секоја од четирите патни делници, се вели во тендерската документација на АРРШ.

Понудите за секоја од четирите секции може да се достават до 8 мај.