Црна Гора има најголем број на гласачи кои на кои им биле понудени пари за гласови во споредба со другите земји од Западен Балкан а Албанија е на второто место. До овој заклучок дојде студијата „Неформален живот на политичките партии во општествата од Западен Балкан”, финансиран од Европската унија и имплементирана од Институтот за демократија во Скопје.
Иако Албанија има најниско ниво на партиско членство во регионот (7,9 проценти од населението), на дури 20,6 проценти од населението им се нудат пари или услуги во замена за нивниот глас, пишува албанскиот портал Exit.al.
Според извештајот, ова значи дека речиси 700.000 албански граѓани се соочуваат со притисоци од политичките партии.
На прво место на оваа непријатна листа е Црна Гора, по Албанија следат Босна, Косово Србија и, на последно место, Македонија со 7,4 проценти потенцијално поткупени гласачи.





