Алармантен недостиг на стручен кадар. Македонскиот бизнис сектор сè погласно алармира за сериозен недостаток на работна сила. Тоа директно ја загрозува економската активност во земјава. Компаниите, особено оние што инвестираат во нови технологии, се соочуваат со тешкотии во пронаоѓање вработени, објави ТВ Алфа. За премостување на овој голем проблем, тие сугерираат државата да овозможи работно ангажирање на пензионери.

Новиот предлог закон кој е во собраниска процедура предвидува самовработените, студентите, помладите од 18 години, странците со регулиран престој во земјава, да можат да работат сезонски работи во одредени дејности, без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат од државата, како, пензија, стипендија, или помош од државата.
- “Проблем имаме со стручен кадар. Затоа треба да се направи една иницијатива да се дозволи на пензионерите после 64 години да може да останат на работа, со давачки кои им следуваат, затоа што луѓето во најзрелите години ги пуштаме да седат дома, а стопанството се судира со недостиг на кадар“ – вели Ацо Андревски, сопственик на компанија во Охрид.

Ова е голем поттик за да можеме да ја задржиме економската активност и во вакви тешки времиња да бидеме подготвени да ги сочуваме тие кадри кои имаат направено евидентен напредок во западните земји и дијаспората – додава Азески.
Во тој поглед, Стопанската комора вели ќе партиципира еднакво, како владин партнер, а во наредниот период ќе се подготви базата на податоци за сите заинтересирани кои што во последните 2 месеци масовно се јавуваат во комората и прашуваат кои се условите и привилегиите кои ги нуди државата за нивно враќање дома.





