Во Националниот парк Маврово е активен пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат.

Според последната информација која ја споделија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на денот во гаснењето на огнот интервенирале пет лица вработени во Националниот парк.

„Поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот помош била побарана до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, за ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот.

Хеликоптер на МВР дејствувал, при што полни вода од Мавровско Езеро.“, извести ЦУК.

Посериозен пожар на отворен простор има и во тетовско, над Ѓермо на Шар Планина, каде што двата крака се изгасени и се дејствува да се изгаси и третиот крак во координација со ренџерите од Националниот парк ,,Шар Планина” и други сили според потребите и условите.