Актер и оперска певица ќе решаваат за нашинците во светот, „старата дијаспора“ исклучена

Откако предходно не беше достапна за јавноста владината прес служба ја врати предходно објавената информацијата за формирање на работна група за Националната стратегија за соработка со дијаспората.



Според информацијата Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората, формирал работна група за Националната стратегија за соработка со дијаспората која ја сочинуваат претставници на министерствата кои имаат надлежности во области важни за дијаспората, и претставници од граѓански организации, и индивидуалци, кои работат на прашања и теми врзани за дијаспората.

На списокот покрај луѓе од админстрацијата има и еден актер и оперска певица за кои што нема прецизно објаснувањње зошто се дел од работната група.

Сепак изборот на членовите е помал проблем за успех на напорот на министерот Адеми. Поголем проблем е тоа што во работната група нема ниту еден претставник на најстарите организации на дијаспората.

И покрај тоа што спроед владата процесот на изработка на стратегијата ќе вклучува, консултации, јавни дебати и целосна инклузивност со сите засегнати и заинтересирани страни, со цел да добиеме документ со јасни и прецизни решенија на прашања што се од интерес и на државата и на дијаспората, во работната група не е вклучена ниту една од најмоќните организации на дијаспората.

Во работната група се вклучени две организации од дијаспората Обединета Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон која што е формирана пред неколку години и Форум за демократска Македонија, организација која нема ни сопствен веб сајт и за која не се знае дали има формална регистрација а беше формирана во мај годинава.

Во работната група на пример ја нема организацијата Обединети Македонци од Канада која што функционира повеќе од 50 години, нема ниту една организација од Австралија, нема ниту една организација од соседството а нема ниту претставници на албанската дијаспора во САД и Европа.

„Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани чинители кои имаат предлози за содржината на Националната стратегија за соработка со дијаспората, да го следат процесот и да се вклучат со свои мислења и ставови“, се вели во владината информација за стратегијата за дијаспората но ваквиот однос во кој дијаспората сама треба да се пријави за да учествува во креирање на документ кој се однесува на неа е навредлив за организциите на дијаспората и голем дел од нив ќе го бојкотираат ова владино тело.

Во изготвување на Националната стратегија за соработка со дијаспората со советодавна улога активно ќе учествува и Меѓународната организација за миграција, IOM (International Organization for Migration), преку експертот по прашања на миграции, Проф. д-р Верица Јанеска од Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Економски институт – Скопје.

Во работната група има и членови од невладините организации МОСТ, ЦИВИЛ и МЦМС кои што во своето портфолио досега не биле активни на полето на дијаспората.