Актерот Перо Арсовски: Во ЕУ И НАТО нема се да биде леб и млеко

Перо Арсовски, актер, режисер и сценарист, актуелен член на Советот за култура во СДСМ и поранешен советник во Град Скопје, сподели интересна дилема укажувајќи дека ЕУ и НАТО се нашето неизбежно „утре“ , ама дека по влезот во овие светски организации- животот нема да е песна.



“Една млада Бугарка, вчера, во Мелник ми рече ‘ви завидуваме што не сте во ЕУ и НАТО’ “, напиша Арсовски на социјалните мрежи, за подоцна, во коментарите да додаде дека, според сведоштвото на Бугарката, всушност единствената „придобивка“ е што сите помали места се напуштени од младите кои членството го искористиле за слободно да работат во странство.