Ако утре има избори ВМРО-ДПМНЕ може сама да освои мнозинство во парламентот покажува најновата анкета на агенцијата Маркет Вижн.
Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори фантастични над 51 процент, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
На второ место е коалицијата Вреди заедно со Таравари со 13 проценти.
На трето место е ДУИ со 12,1 процент.
Понатаму СДСМ со нешто над 10 проценти, Левица со над 6 проценти и ЗНАМ со над 5 проценти.
Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.
Која лидерите Мицкоски има предност каква што немал никој предходно.
Досега невиден сооднос – Тешка ситуација за лидерот на СДСМ
Мицкоски речиси 7 пати попопуларен од Филипче – најнова анкета на Маркет Вижн






