Доколку поскапе струјата, Од индустрија за производство на леб предупредуваат на дополнително поскапување на нивните производи доколку поскапи струјата.
Лебот веќе поскапе за 10 отсто поради поскапувањето на пченицата на светските берзи.
Според Горан Малишиќ, претседател на Групацијата за мелничко-пекарски индустрии, секое зголемување на трошоците за производство директно ќе се одрази на цената на лебот. Ова особено ќе влијае на малите бизниси кои работат на регулираниот пазар, кои веќе се соочуваат со големи економски предизвици.
Владата во заминување на затворена седница врати одлучи да ја зголеми за 5% отсто цената што државните централи и продаваат струја на ЕВН Хоум.
Но, новата влада вети дека нема да дозволи дополнително поскапување и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните.
Конечната одлука за новата цена на струјата се очекува да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на крајот на месецот.






