Претседателскиот кандидат за уште еден мандат, Стево Пендаровски вели дека уште пред пет години, пред да биде избран за претседател, најавил дека доколку не успее на изборите – ќе се врати на работното место професор и дека тој став не го менува ни сега.



„Значи после тоа се враќам на факултет на којшто бев и претходно професор немаме никаква дилема околу тоа.

Нема да барам плата, апанажа или пензија како ја нарекуваат политичка бидејќи сè уште не сум за пензија“,рече Пендаровски синоќа во гостување на ТВ21.