Да беше жив, легендата Тоше Проески ќе се гордееше со малите хористи од нижото музичко училиште Методија Патчев од Охрид кои денеска пееја негова песна на отворањето на 18. европски конгрес на Меѓународната федерација за физичко образование и спорт ФИЕПС, во рамки на кој ќе се одржи и 6. научна конференција „Истражување во физичкото образование, спорт и здравје“.
Одличната изведба на песната на Тоше Проески беше топло поздравена од присутните.





