Ако им бидат прифатени сите барања, „Кој е следен“ ќе најдат нови, но нема да се расформираат (ВИДЕО)

Ако владата им ги прифати сите барања движењето “Кој е следен” ќе најде нови барања кои ќе бидат побарани но немаат намера да се расформираат.



Во подкаст на Слободен печат со Срѓан Ивановиќ членови на ,,Кој е следен” откриваат дека движењето не е создадено за да оствари конкретни барања туку за да има постојано некакви барања кои дополнително би се измислувале.

“Пак ќе излези, ќе се најди нешто да се протестира”, вели низ смеа членка на “Кој е следен”, во Подкастот на Ивановиќ.

Смеата во студио на членовите на ,,Кој е следен” е невообичаена особено затоа што нивните сегашни барања се однесуваат на системските грешки кои довеле до трагедијата во Кочани во која загинаа 60 млади луѓе.

Во вонредното издание на „Митови и факти“, посветено на реакциите поврзани со катастрофалната трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се полесно и потешко повредени, гостуваат Аника Ралева и Анастасија Митревска, претставнички на „Кој е следен“.

Оваа иницијатива стоеше зад протестите коишто непосредно по трагедијата почнаа да се одржуваат во Македонија.

Аника и Анастасија тврдат дека нивната иницијатива е неформална и дека самите се финансираат. Двете се децидни дека политика не ги интересира и дека немаат никаква поврзаност со ниту една политичка партија или невладина организација. Тие се млади, амбициозни и како што самите велат, сакаат да живеат во поубава и побезбедна Македонија.

Дел од интервјуто кај Ивановиќ во кое се најавуваат нови барања ако бидат прифатени сегашните на овој линк

https://x.com/m0rban/status/1908187429376311797?t=EpP7GooTepJvkNmVVVA2Zg&s=19

Целото интервју