Селекторот Јорданчо Давитков го објави поширокиот список на кошаркари за предквалификациите за Европското во 2021 година. Низ него провејува оптимизам со оглед на расположението кај дел од наброените. Меѓу 24 повикани кои треба да се јават на прозивка на 19 ноември и да бидат на располагање за средбите со Словачка на 23 на гости и со Швајцарија на 26 ноември дома фигурираат и Антиќ и Меккејлеб, и Трајковски, Самарџиски, Димитриевиќ, Дујковиќ, Хендрикс, Теодор. Прашање е колку е тоа реално ако се знае дека голем дел избегнаа летоска кога и немаа обврски со клубовите да дојдат и да заиграат за Македонија.




