По сета еуфорија што ги зафати македонските навивачи, особено вардаровите, кои конечно, по 13 години видоа победа на своите миленици, во нашиот фудбалски првак можат да погледнат напред и да видат извонредна можност за голем мегдан во втората половина од август. Таков нема сомневање ќе биде и тој со Копенхаген, Данците ги сметаме за сигурен противник затоа што пред денешниот дуел со Жилина дома имаат победа од 3-1, а ќе се игра повторно во Струмица на 1 или 2 август откако на 25 или 26 јули ќе се игра на Телиа Паркен стадионот во Копенхаген.
Тоа што е огрома позитивна провокација е евентуалното минување на третиот круг квалификации во ЛШ и можноста да се настапи во плеј-оф рундата каде што веќе се четвртите тимови од претходниот шампионат од четирите најголеми европски првенства. Станува збор за Ливерпул, Наполи, Севиља и Хофенхајм кои ќе бидат носители, а Вардар, ако помине со Копенхаген, сигурно, не. И се ќе биде каде, каде поспектакуларно зошто до тие термини 15/16 и 22/23 август и арената Филип втори во Скопје ќе биде слободна и црвено црните ќе можат да играат на својот терен.





