Денеска продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорческа и Панче Жежовски, со исказ на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо.
Поради болест на Јовица Страшевски, адвокатот на првообвинетиот, минатото рочиште (16 април) беше одложено.
Судијата Ивица Стефановски најави дека ако адвокатот Страшески и денеска не може да дојде на судењето, ќе му назначи службен бранител на Палевски.
Причината е што предметот е притворски, а судскиот процес е речиси при крај.
Доколку Страшевски дојде на рочиште тој денеска треба да продолжи да му поставува прашања на неговиот клиент Палевски, кој во своето сведочење застана до 22 ноември 2023 година, денот кога е убиен Панче Жежовски.
Се очекува Палевски да раскаже што правел во деновите меѓу двете убиства и на 27 ноември, кога е убиена Вања.






