„Не може да има две национални академии на науки и уметности“ вели академик Алајдин Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во изјава за ТВ24.
„Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите“, вели академик Абази.
Актуелниот академик на МАНУ се приклучи на низата реакции на академици, политички партии, институции и поединци по најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат „Албанска академија на науки и уметности“ што прво ќе биде финансирана од општински буџет, а потоа ќе работат на нејзино финансирање од државата.





