Азизи: Пропаѓаат обидите на ДУИ за „дестабилизација“ и создавање меѓуетничка омраза, за да се спасат од сторениот криминал!

„Пратеникот на коалицијата Вреди Аднан Азизи вели дека пропаѓа обидот на ДУИ за дестабилизација, за да го заштити криминалот за време на нивната дводецениско владеење. Според него, покрај тоа што пропаѓа овој обид, инсценирањата ѝ се враќаат на ДУИ како бумеранг, која се демаскира пред албанската јавност.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“, пренесувајќи ја објавата на Азизи, кој е и организациски секретар на Беса, како дел од коалицијата Вреди.



На општествената мрежа Азизи напиша: Пропаѓа обидот за „дестабилизација“ на ДУИ, со што сака да го прикрие 20-годишниот криминал!

Се обидоа да го испорачаат поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово Блерим Рамадани во Србија, но ние им го оневозможивме тоа, па не успеаја. Се обидоа и да исценираат конфликт со косовската претседателка Вјоса Османи, за да ги урнат односите меѓу Косово и * Македонија, но не успеаја ниту во тоа. Преку Левица покренаа интерпелација против претседателот на Собранието Африм Гаши, за да го разрешат, но не успеаја и уште повеќе му ја засилија позицијата. Преку своите мали играчи, кои беа условени можеби со некоја арам заработена пара во казината и обложувалниците, се обидоа да создадат меѓурелигиска дестабилизација со црквата во селото Галате. Но пак не успеаја.

Сакаат да создадат незадоволство и меѓуетничка омраза кај граѓаните со предлагање на законот за „бранителите“, за кој самите гласаа во јануари, со цел „да му го остават копилето некому друг пред врата“. Пред две години тие им дадоа стотици илјади евра на „бранителите“, но беа демаскирани и повторно не успеаја! Сакаат да го отворат законот за употреба на јазиците, но нема да ја остварат таа намера! Импровизираа шеми со сообраќајни знаци, преку компанијата, која беше контактирана од нивниот поранешен директор, но не успеаја!

Секое инсценирање им се враќа како бумеранг и лошо ги демаскира. Сево ова го прават, за да се спасат од криминалните досиеја, што ги направија во изминатото владеење, но и со цел да се спасат од големиот пораз, кој ги очекува на претстојните локални избори. Токму на локалните избори ќе го добијат најдобриот одговор, за да заминат засекогаш од политиката, а Албанците да спасат од нивните насилства, кои ги прават веќе 20 години.