„Организацискиот секретар на Движењето Беса и кандидат за пратеник од редовите на албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ Аднан Азизи изјави дека во отсуство на партиски активисти во Тетово ДУИ ја користи полицијата, за да им се заканува на граѓаните и младите од „Вреди’ да гласаат за ‘Европскиот фронт’.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Азизи изнесува: „Во име на коалицијата ‘Вреди и како организациски секретар на Беса ја означувам Полициската станица во Тетово како штаб на ДУИ. Шефик Бајрами на незаконски начин беше назначен за началник на СВР Тетово.“
„Техничкиот премиер Талат Џафери има речено дека тој е тука закон. ДУИ осознала од сите анкети, кои ги направила во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица, дека во неа ќе доживее голем пораз. Затоа ДУИ ги повикала сите свои кадри, кои ги има во полицијата, прашувајќи ги кој е подготвен да преземе одговорност со службите, со полицијата, со инспекторите да направат промена во ‘шестката’. Но не прифатил никој.“ – посочува Азизи од „Вреди“.
Според него, во отсуство на свои структури во шестата изборна единица ДУИ ја злоупотребува полицијата.
„Во ‘шестката’ ја нема ДУИ. Немајќи своја структура, ДУИ ја заменува неа со структурата на полицијата, со разните служби и разни инспекторати, кои почнуваат да вршат притисоци, уцени, насилство врз граѓани од страна на полицајците, полицајци, велејќи им на граѓаните: ‘Ќе бидеш ли со нас, или ќе ти го смениме работното место?’ ‘Дали ќе бидеш со нас, или да те избркаме од работа?’ Ова продолжува и во секој приватен бизнис: ги принудуваат луѓето да одат на секој приватен собир на ДУИ. ДУИ им се заканува на сите вработени во државната администрација дека ќе бидат избрлани од работа, ако не дојдат на собирот на ДУИ.
Ова е сталинистички метод, ова е комунистички метод, според кој функционира „Европскиот фронт“ исто како Путин во Русија и Вучиќ во Србија. Исто вака функционира и Али Амети во Македонија. Канцларијата на началникот Шефик Бајрами е канцеларија на ДУИ, а не канцеларија на полицијата.Ние не го признаваме него како началник на СВР Тетово, бидејќи е тој само милитант на ДУИ!“ – нагласи Аднан Азизи, организацискиот секретар на Беса. Тој објави и фотографии, на кои, како што вели, е прикажан началникот на СВР Тетово Бајрами на собири и други активности на ДУИ.





