„Портпаролката на Владата на Република Македонија Венера Азизи остро реагираше кон коалицијата ‘Европски фронт’, обвинувајќи ја за злоупотреба на гласовите на неалбанските заедници. Во јавна изјава Азизи нагласи дека Албанците гласале за коалицијата Вреди, сојуз на етнички албански партии, додека ‘Европскиот фронт’ бил поддржан не само од Албанците, туку и од Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници.“ – извести информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата информација со наслов „Азизи: Европскиот фронт ја искористи етничката припадност, за да ја избегне одговорноста за поразот“, пренесувајќи ја објавата на Венера Азизи на нејзиниот фејсбук-профил.
Венера Азизи нагласува во својата објава на општествената мрежа: „Кога сега зборуваат само во име на Албанците, тие го покажуваат своето вистинско лице – дека само ги злоупотребија етничките заедници, за да го сокријат длабокиот пораз од Вреди!“
Home Македонија Азизи: За Еврофронтот гласаа и неалбанските етнички заедници и тој ги злоупотреби...






